
Трансфер на Кристијано Роналдо се уште е можен, во последниот ден од летниот преоден рок. Извори блиски до Атлетико Мадрид тврдат дека Јаник Переира Караско би можел да го напушти клубот, доколку Тотенхем ја плати неговата откупна клаузула од 60 милиони евра. Во тој случај, мадриѓани веднаш ќе тргнат по Роналдо.
Не е тајна дека Роналдо во текот на летото најчесто беше поврзуван со Атлетико и дека Мендеш неколку пати преговарал за да ги испита сите опции. Една од нив се појави денеска, но само доколку Караско отвори простор во ростерот на Атлетико Мадрид.
Сепак, работата нема да биде воопшто лесна, дури ни Тотенхем да го купи Караско, но доколку Жорге Мендеш му вети на Атлетико дека ќе го донесе Роналдо пред полноќ, Мадрид може да прифати да преговара со Тотенхем и за некој милион помалку.
Антонио Конте сака да го засили нападот, а Караско сигурно добро би се снашол бидејќи може да игра на неколку позиции во формацијата 3-4-3 и 3-5-2.
Денеска Тотенхем преговараше со Атлетико кој остана на ставот дека Караско не е на продажба, но некои извори тврдат дека Мадрид сака да извлече што повеќе пари.
Не треба да заборавиме дека минатото лето Роналдо го комплетираше трансферот во Манчестер Јунајтед во последниот ден од преодниот рок, и тоа во момент кога сите мислеа дека е пореално да замине во Манчестер Сити.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Баерн Минхен го обнови интересот за Нкунку

Евро-фудбал
Марко Верати го промени клубот во Катар

Евро-фудбал
Мусијала успешно опериран по тешката повреда

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Луис Дијаз се договорил со Баерн Минхен

Евро-фудбал
Марко Асенсио се враќа во Ла Лига?
