
Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски заработи непријатна повреда на мускулот и мораше да го напушти натпреварот меѓу Спортинг Лисабон и Авеш од португалското првенство. Ова е лоша вест пред мечот мерѓу Македонија и Косово во плејофот од Лигата на нации. Ристовски го напушти составот на Спортинг Лисабон по само 24 минути. Тој се пожали на болки и не можеше да продолжи, а на негово место во игра влезе Жоване Кабрал.
Ристовски е втор стандарден член од одбраната на фудбалската репрезентација на Македонија што се повреди, претходно пристигна веста дека и Дарко Велковски повторно има проблеми со задната ложа и не настапи на денешниот меч од хрватскиот шампионат меѓу Ријека и Хајдук Сплит.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
