Дефанзивецот на Реал Мадрид, Давид Алаба, нема да игра барем до почетокот на следната сезона и ќе го пропушти Европското првенство во Германија. Тој се здоби со сериозна повреда на мечот против Вилјареал (4-1). Тој ги скина вкрстените лигаменти на коленото и ќе биде опериран.
Се очекува Алаба да закрепнува околу осум месеци, што значи дека нема да може да учествува и на Европското првенство со австрискиот национален тим, чиј капитен е.
Тоа е трета ваква повреда во првиот тим на Реал Мадрид оваа сезона, поврзана и со одбранбената линија. Поради слични проблеми, голманот Тибо Куртоа и Едер Милитао се подолго време надвор од терените.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













