Connect with us

Се подготвува радикална промена во фудбалот

ИФАБ, телото задолжено за промена на правилата на фудбалската игра, ќе разговара за радикални промени кога станува збор за должината на фудбалските натпревари.


Многумина се жалат дека фудбалот има огромен проблем со губењето на активното време за игра, а британски „Тајмс“ наведува дека ќе бидат разгледани три предлози.

Првата е драстично да се зголеми времето на судиско продолжение, како што беше случајот за време на Светското првенство во Катар, втората е да се подобрат сегашните правила и третата е да се запре времето кога топката не е во игра.

Тој трет предлог е најреволуционерен, а го поддржува и потпретседателот на Арсенал, Дејвид Деин.

„Не велам дека секогаш треба да се запира времето, но тоа треба да се случува за голови, замени, пенали, повреди и за прегледување на ВАР снимки“, изјави Деин, амбасадор на Премиер – лигата.

Денес ИФАБ ќе одржи состанок на кој ќе се разговара за потенцијалните опции. Извесно е дека од одлуката до нејзиното спроведување ќе поминат најмалку две години.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови