Connect with us

Се огласи Мајкл Антонио: Оваа година сум благодарен што останав жив

Напаѓачот на Вест Хем, Мајкл Антонио, се огласи откако беше отпуштен од болница по тешката сообраќајна несреќа. Антонио со своето „Ферари“ удри во дрво, што резултираше со целосно уништување на автомобилот и неколку итни операции.

Преку својот профил на Инстаграм, тој испрати порака и им посака на сите среќна Нова година.

„Секоја година во овој период ме прашуваат на што сум благодарен, и секогаш ми беше тешко да ги пронајдам вистинските зборови. Но, оваа година точно знам – благодарен сум што сум жив.

Сакам да одвојам момент за да признаам нешто што го сфатив: поминав многу години земајќи го животот здраво за готово. Правев планови за следниот ден, следната година, секогаш претпоставувајќи дека утрешниот ден е загарантиран. Гледав како блиски пријатели умираат, сведочев на болката на другите поради загубата на своите сакани, но дури и тогаш не сфаќав колку е животот вреден.

Она низ што поминав неодамна ми ги отвори очите. Животот е кревок, и секој момент е важен. Благодарен сум на Бога што ми даде сила да продолжам и што ми дозволи да бидам тука. На итната помош, Државната здравствена служба, тимовите во болниците „Ројал Лондон“ и „Кромвел“, како и сите во Вест Хем – од срце ви благодарам. На медицинскиот тим, управата, персоналот, соиграчите и навивачите – не можев да го поминам ова без вас.

Исто така, на моите сакани кои беа до мене во секој момент – немам зборови да ја изразам мојата благодарност.

На крај, огромна благодарност до целата фудбалска заедница за љубовта и поддршката што ми ја покажавте. Тоа ми значеше сè. Ве сакам сите и бескрајно сум благодарен.

Среќна Нова година – и наскоро ќе се вратам на теренот“, напиша Мајкл Антонио.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови