
Холандија ја совлада Унгарија со 4-0 во Амстердам во натпревар од петтото коло на групата 3 во највисоката дивизија на Лигата на нациите. Сепак, фудбалот не беше во прв план. Натпреварот започна во 20:45 часот, но само седум минути подоцна му се слоши на Адам Салаи (36), поранешен напаѓач, а сега дел од стручниот штаб на унгарската репрезентација. Неофицијално, се наведува дека станува збор за срцев удар или епилептичен напад.
Медицинскиот тим веднаш реагираше, а играчите и членовите на стручниот штаб го опколија Салаи откако камерите снимија како му се тресат нозете. Холандските медиуми објавија дека била потребна реанимација.
Играчите на Унгарија направија „жив ѕид“ околу Салаи за камерите да не ја снимаат драмата, по што беше покриен со медицинско платно и на носилки пренесен во соблекувалната. Според информации од холандскиот „НОС“, му била укажувана помош околу 20 минути.
Откако се освести, Салаи беше пренесен со брза помош во болница. Унгарската фудбалска федерација се огласи на социјалните мрежи.
„Адам Салаи почувствува слабост во првите минути од натпреварот Холандија – Унгарија, но неговата состојба е стабилна и е свесен. Пред неколку минути беше пренесен со брза помош во болница во Амстердам на дополнителни прегледи.“
Натпреварот продолжи по пауза од околу 15 минути.
Набргу откако беше префрлен во болница, Салаи се огласи на својот профил на Фејсбук. Тој се заблагодари на сите за грижата и објави дека се чувствува добро.
„Ви благодарам на бројните пораки, добро сум“, напиша Салаи.
Адам Салаи ја започна својата играчка кариера во 2006 година и ја заврши во 2023 година. Настапуваше за клубови како Штутгарт, Реал Мадрид Кастилја, Мајнц, Шалке, Хофенхајм, Хановер и Базел, кој беше неговиот последен клуб.
Најголем број натпревари одигра за Мајнц, вкупно 146, при што постигна 28 гола и имаше 15 асистенции. Исто така, долги години настапуваше за Хофенхајм.
Како репрезентативец на Унгарија, Салаи одигра 86 натпревари, постигнувајќи 26 гола и двапати беше прогласен за најдобар унгарски фудбалер, во 2011 и 2012 година. Во август 2024 година стана помошник на селекторот Марко Роси.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Евро-фудбал
Анге Постекоглу е нов менаџер на Нотингем Форест

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
Хјулманд ќе биде нов тренер на Баер Леверкузен
