Човек кој е осомничен за организирање на летот во кој загина аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала во 2019 година, се изјасни за виновен за дел од обвиненијата пред судот во Кардиф, објави „Би -Би -Си“.
Дејвид Хендерсон призна дека се обидел да ги остави патниците да летаат без валидна дозвола или одобрение, но тој го негираше посебното обвинување дека ја загрозил безбедноста на авионот.
Авионот со 28-годишниот Сала и пилотот Дејвид Иботсон (59) се урна во Ла Манш во јануари 2019 година. Телото на Сала беше пронајдено следниот месец, но не и телото на пилотот.
На Хендерсон (67) од Ист Рајдинг во Јоркшир, сега ќе му се суди по специјално обвинение поднесено од страна на Управата за цивилна авијација. Според „Би-Би-Си“, Хендерсон го организирал летот на Сала и 59-годишниот Иботсон. Тој се соочува со обвинение дека работел комерцијално без дозвола.
На сослушувањето во октомври 2020 година, беше кажано дека лиценцата на Иботсон за комерцијално управување со авиони истекла во ноември 2018 година.
Одделот за истрага на воздушни несреќи претходно оваа година објави дека пилотот изгубил контрола над авионот за време на маневар изведен со прекумерна брзина. Истражителите исто така веруваат дека пилотот најверојатно бил „опиен“ со јаглерод моноксид од издувниот систем на моторот.
Се очекува судењето на Хендерсон да трае десет дена.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













