Фудбалската федерација на Црна Гора на чело со легендарниот Дејан Савичевиќ одлучи да го ангажира Роберт Просинечки за нов селектор.
Просинечки на клупата на црногорската репрезентација ќе го замени Миодраг Радуловиќ, кој ја напушти селекторската функција по уште едни разочарувачки квалификации.
Ова ќе биде трет селекторски ангажман за искусниот 55-годишен хрватски стручњак. Претходно ги водеше селекциите на Азербејџан и на Босна и Херцеговина.
Последната работа на Просинечки беше во тимот на хрватскиот прволигаш Рудеш. Доби отказ по само седум натпревари и еден освоен бод.
Претходно работеше и во Олимпија Љубљана, Црвена Звезда, турските тимови Кајзериспор и Денизлиспор.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













