
Селекторот на Англија, Гeрет Саутгејт, ги сподели своите очекувања за финалето на ЕВРО 2024, во кое неговиот тим ќе се соочи со Шпанија.
„Нашиот тим игра сè подобро од натпревар на натпревар. Натрупавме самодоверба и самопочит врз основа на искуството што го стекнавме за време на турнирот. Претходниот пат не успеавме да го освоиме финалето. Знам дека од резултатот зависи како другите ќе нè перцепираат,” изјави Саутгејт.
„Начинот на игра на Шпанија е јасен: тие се сплотени, интензивно притискаат и одлично ја владеат топката. Ние мора да бидеме совршено организирани за да им се спротивставиме“, продолжи англискиот селектор.
„Ја разбирам улогата што ја имам и работата што треба да ја завршам. Таа се состои во тоа да ги водам фудбалерите и целиот тим низ овој тежок турнир. Ние ја задржавме смиреноста, учевме од нашите грешки и постојано напредувавме. Сега сме во финалето и сакаме да го направиме чекорот што не успеавме пред три години“, додаде селекторот на “трите лава”.
„Не верувам во приказни. Го очекуваме последниот предизвик со нетрпение. За мене е чест да ги тренирам овие фудбалери и сум горд на сè што постигнавме заедно,” заклучи Саутгејт.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
