
Селекторот на Англија, Герет Саутгејт изјави дека не ги обвинува навивачите за свирежите по синоќешниот пораз од Исланд на „Вембли“ со 0-1. Ова беше последната контрола на гордиот Албион пред заминувањето на тимот во понеделник за ЕП 2024.
Селекторот призна дека неговите избраници не се снашле доволно добро пред противничкиот гол.
„Целосно ги разбирам свирежите. Не одигравме доволно добро и не создадовме доволно шанси пред голот за да ги задржиме навивачите возбудени. Имавме многу, многу добри шанси кои во некој друг ден можевме да ги претвориме во голови. Тоа би ја променило играта и би влијаело на самодовербата на противникот, но би можело да ги сокрие и недостатоците што ги покажавме. Научив многу од овој натпревар и не сум загрижен за реакцијата на навивачите, тие прават огромна разлика кога ги имате на ваша страна. Мора да ја прифатиме нивната реакција“, истакна Саутгејт.
„Мораме да играме подобро, да притискаме, а токму тоа не го направивме на овој меч. Игравме премногу широко, противникот поставуваше премногу прашања на кои не можевме да одговориме. Не е важно колку талент имате во играта со топката, ако тоа не е во вас. Убеден сум дека ќе бидеме подобри отколку што бевме против Исланд. Излеговме со многу млад тим и не можевме физички да одговориме“, дополни Герет Саутгејт.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
