
Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, призна дека неговата селекција не се претставила добро во триумфот од 2-0 против Малта во европските квалификации. Мечот беше протоколарен за „трите лава“, кои не создадоа многу шанси, но сепак успеаја да запишат нови три бода во групата.
„Тоа беше натпревар кој не го започнавме добро, а кога не почнувате добро, тешко е да влезете во ритам. Дадовме гол од никаде. Квалитетот на нашата игра не беше на вообичаеното ниво. Играчите знаеја дека можат лесно да победат и не вложија доволно труд. Овие играчи одиграа толку многу натпревари и направија толку добро за нас, па затоа нема да ги критикувам премногу поради тоа. Не игравме толку добро како што требаше, но, сепак, победивме“, изјави Саутгејт.
Сепак, селекторот имаше и добри зборови за настапот на дел од своите играчи.
„Александер-Арнолд има извонредни квалитети. Тој и Фил Фоден беа двајцата во првото полувреме кои успеаја да ни ја отворат играта. Малта не е тим кој губи со пет или шест гола разлика, а освен тоа очигледно не создадовме шанси колку што посакувавме“, додаде селекторот на Англија.
Англичаните на 20 октомври ќе играат против Македонија во Скопје, за крај на квалификацискиот циклус за ЕВРО 2024.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ако Реал денеска загуби, Анчелоти ќе добие отказ
