Connect with us

Саутгејт: Јас сум виновен за поразот од Унгарија

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, ја презеде одговорноста за синоќешниот засрамувачки пораз (0-4) од Унгарија на домашен терен во Лигата на нации. Тој тврди дека преземал ризик затоа што им дал шанса и на некои помлади фудбалери.


„Јас сум виновен за нашето лошо издание на сите четири натпревари. Се обидов да им дадам шанса на некои од помладите играчи. Одговорноста е моја. На двата натпревари против Унгарија не бевме доволно добри и бевме казнети. Младите со текот на времето ќе станат подобри. Моја должност е да ги заштитам играчите и да ја понесам одговорноста за овие резултати. Ја разбирам реакцијата на навивачите. Најважно е да не престанат да не поддржуваат“, изјави Герет Саутгејт.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови