Селекторите на Англија и на Холандија, Герет Саутгејт и Роналд Куман, направија по една промена во своите состави во однос на последните натпревари за вечерашниот полуфинален дуел на ЕВРО 2024 кој се игра во Дортмунд.
Во составот на Англија се враќа Марк Геи, кој беше суспендиран за четвртфиналето. Тој го замени Езри Конса. Саутгејт ја задржа формацијата со тројца во одбраната, а Лук Шо започнува на клупата.
Роналд Куман му даде предност на Дониел Малeн пред Стивен Бергвајн во офанзивната линија.
ХОЛАНДИЈА: Вербруген, Дамфрис, Де Фрај, Ван Дајк, Аке, Шоутен, Симонс, Рајндерс, Малeн, Депај, Гакпо.
АНГЛИЈА: Пикфорд, Вокер, Стоунс, Геи, Трипие, Мејну, Рајс, Белингам, Сака, Фоден, Кејн.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













