
Фудбалската репрезентација на Англија се пласираше во финалето на Европското првенство во Германија.
Англичаните во полуфиналето славеа против Холандија со 2-1, со гол на резервистот Оли Воткинс во последната минута од натпреварот.
Селекторот на репрезентацијата на Англија, Герет Саутгејт, изјави дека неговиот тим заслужено ќе игра во финалето на 14 јули против Шпанија во Берлин.
„Мислам дека заслужено сме во финалето. Еднаш се спасија на самата гол-линија, вторпат ja погодивме рамката од голот. Кога сè ќе се собере, бевме подобри. Игравме добро во текот на целиот натпревар, иако на моменти беше компликувано. Но, сега следи најдоброто“, изјави Саутгејт.
Клучниот потег на натпреварот, селекторот на Англија го направи во 81. минута кога наместо Фил Фоден и Хари Кејн ги внесе во игра Кол Палмер и Оли Воткинс. Токму Палмер асистираше на Воткинс за победничкиот гол.
„Понекогаш може да функционира на тој начин. Најважно е секој од играчите да може да влезе во игра и да му помогне на тимот. Двајцата имаа одличен став. Многу сум среќен за Оли. Хари доби удар во првото полувреме и Оли одлично го заврши својот дел од работата“, смета Саутгејт, кој посебно ги пофали навивачите.
„Ако ги погледнете бројките, беше како да игравме на гостински терен, но според поддршката и вревата што ја правеа нашите навивачи, тоа не би можело да се каже“, заклучи тој.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
