Connect with us

Саудијците тргнаа по ѕвездите на Ливерпул: Мохамед Салах и Алисон Бекер ќе добијат баснословни понуди

Неколку клубови од Саудиска Арабија планираат големи летни понуди за ѕвездите на Ливерпул, Мохамед Салах и Алисон Бекер. Египќанецот минатото лето беше поврзуван со преселба во оваа азиска земја, но остана со „црвените“ и оваа сезона.

31-годишниот напаѓач оваа сезона повторно блескаше во Англија, постигнувајќи 25 гола и додавајќи 14 асистенции на 43 натпревари во сите натпреварувања. Договорот на Салах со Ливерпул е до летото 2025 година и се тврди дека Англичаните не ја исклучуваат можноста предвреме да го продадат.

Според медиумите на Островот, тимовите од Саудиска Арабија продолжуваат внимателно да ја следат ситуацијата околу ѕвездата на „црвените“, а Алисон Бекер би можел да му се придружи.

Сепак, трансферот на голманот се смета за помалку веројатен поради договорот на Бразилецот со Ливерпул. Клубот е уверен дека го има најдобриот чувар на мрежата во светот и не сака да го продава. Се очекува на лето да има големи промени во Ливерпул, кој во новата сезона треба да го предводи Арне Слот, кој доаѓа на местото на Јирген Клоп.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови