Connect with us

Саудијците повторно ќе „напаѓаат“: Модриќ, Де Бруин, Салах и Сон ќе добијат огромни понуди

Саудиските фудбалски клубови ги финализираат деталите од стратешкиот план за следниот летен преоден рок во кој меѓу другите ќе се обиде да ги доведат Лука Модриќ, Кевин де Бруин, Мохамед Салах и Хјонг-Мин Сон.


Саудијците наскоро ќе стапат во контакт со споменатите играчи од Реал Мадрид, Манчестер Сити, Ливерпул и Тотенхем.

Во летото 2023 година бројни европски ѕвезди ги напуштија најдобрите клубови на Стариот континент и се преселија во Саудиска Арабија. Така фудбалери како Карим Бензема, Н’Голо Канте, Рубен Невеш и Марсело Брозовиќ му се придружија на Кристијано Роналдо во оваа блискоисточна земја.

Фондот за јавни инвестиции на Саудиска Арабија (ПИФ) презеде четири од најголемите клубови во земјата, Ал-Итихад, Ал-Наср, Ал-Хилал и Ал-Ахли, и им даде речиси неограничени средства за да ги купат најдобрите фудбалери. И останатите 14 прволигаши имаат познати имиња во составот.

Во неодамна завршениот зимски преоден рок немаше толку големи трансфери, но се подготвуваат нови понуди за летото.

Лука Модриќ е меѓу оние кои веќе добија понуди и ги одбија, а сега ќе добијат и нови.

На легендарниот играч за врска на хрватската репрезентација му истекува договорот со Реал Мадрид на крајот од сезоната. Минатата година тој потпиша нов едногодишен договор, а претходно одби стотици милиони од Саудиска Арабија. Но, сега, на прагот на 39. роденден, не е веќе стартер во првиот тим на тренерот Карло Анчелоти, па се очекува негово заминување од Реал Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови