
Шимон Марчинијак ќе го суди финалето од Лигата на шампионите меѓу Манчестер Сити и Интер в сабота. Со тоа тој ќе стане само вториот фудбалски судија во светот кој во иста сезона го судел финалето на Светското првенство и финалето на Лигата на шампионите.
Хауард Веб беше единствениот пред него што го направил тоа.
Големата вест е дека врвниот полски судија би можел да добие нова работа, а со тоа и богатство.
Според полските медиуми, Марчинијак добил понуда да суди во првенството на Саудиска Арабија, но и таму да ја организира судиската организација.
По Кристијано Роналдо, кој веќе се вдоми таму и заработува 200 милиони евра по сезона, шеиците тргнаа по најголемите фудбалски ѕвезди, а сега го проширија интересот за да го засилат својот фудбал.
Карим Бензема доби и прифати понуда од Ал-Итихад, а ќе му се приклучи и Н’Голо Канте.
На Лионел Меси му беа понудени 1,2 милијарди евра за тригодишен договор, но тој го одбил богатството на Ал-Хилал и кариерата ќе ја продолжи во МЛС лигата, во тимот на Интер Мајами.
По фудбалските ѕвезди, милионските понуди сега се движат и кон судиската организација. Полскиот судија е прва цел и сѐ уште не се знае дали ја прифатил понудата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ал-Наср со 85 милиони евра по Габриел Мартинели

Евро-фудбал
ПСЖ намириса „одмазда“ и тргнува по Родриго

Евро-фудбал
Диого Жота загинал на пат кон Ливерпул

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици
