За македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски се интересираат по два клуба од Италија од Шпанија, Сасуоло и Парма од Апенините, како и Валјадолид и Селта Виго од Пиринејскиот полуостров. Тој е на излезна врата од Спортинг Лисабон и неколку дена веќе тренира одвоено од тимот, со фудбалерите кои треба да бидат продадени или отстапени во друг клуб до крајот на летниот преоден рок.
Тренерот Рубен Аморим смета дека Ристовски е меѓу фудбалерите кои треба да си побараат нова фудбалска средина, а клубот ја намали и отштетата за негово заминување. Во минатото Спортинг Лисабон бараше 4 милиони евра за услугите на Стефан Ристовски, а според португалските медиуми сега би дозволиле тој да замине и за помалку од 3 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн
Прва лига
Шкендија минимално го победи Работнички
Интернационалци
Александар Трајковски се приклучи на Локомотива Загреб













