Поранешниот фудбалер на Селта и на Валенсија и еден од најголемите таленти во шпанскиот фудбал, Санти Мина, е осуден на четири години затвор за сексуален напад на девојка во 2017 година.
Миленикот на навивачите на Селта и неговиот пријател Дејвид Голдар сексуално нападнале девојка која ги пријавила за силување. Голдар ја докажа својата невиност, но Мина помина многу полошо.
Првично обвинителството во обвинителниот акт бараше дури 10 години затвор за 26-годишниот Санти, но казната на Мина беше намалена на четири години. Дополнително, поранешниот фудбалер на Селта и Валенсија ќе треба да и плати отштета од 50.000 евра на девојката која ја нападнал.
Мина поради затворската казна практично ја заврши кариерата која многу ветуваше.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













