Крилниот напаѓач на Болоња, Никола Сансоне, кој го постигна победничкиот гол за победа од 2-1 над Интер, даде интересна изјава по натпреварот поради важноста на неговиот гол во битката за „скудетото“ меѓу „нероаѕурите“ и Милан.
„Навистина се надевам дека ќе ми се јави Малдини или некој друг од Милан. Барем да ми се заблагодарат или да ме ангажираат за следната сезона да играм во Лигата на шампионите“, изјави Сансоне, кој не крие дека како дете бил навивач на „росонерите“.
Главен виновник за овој гол беше чуварот на мрежата на Интер, Јонут Раду, кој буквално ја промаши топката пред гол – линијата и дозволи таа како подарок да дојде до Сансоне, кој од еден метар ја спроведе во мрежата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













