Фудбалерите на Баерн Минхен, Лирој Сане и Дајот Упамекано се позитивни на коронавирус, потврди денеска германскиот клуб.
Сане и Упамекано следниот период ќе мора да го поминат во самоизолација и нема да можат да настапат на првенствениот натпревар против Борусија Менхенгладбах кој е закажан за петок, 7 јануари.
Тренерот на Баерн Минхен, Џулијан Нагелсман, исто така поради проблеми со коронавирусот, од претходно не може да смета на Мануел Нојер, Лукас Хернандез и Танги Нианзу.
По 17 одиграни натпревари, Баерн Минхен е првопласиран на табелата во Бундес – лигата со 43 бодови, девет повеќе од второпласираната Борусија Дортмунд.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













