Connect with us

Сандерленд во 94.минута дојде до реми против Арсенал (ВИДЕО)

Фудбалерите на Сандерленд и Арсенал одиграа драматично реми (2-2) на „Стадионот на светлината“ во рамките на 11. коло од Премиер лигата.

И покрај сите сомнежи во нивниот потенцијал, „црните мачки“ продолжуваат да го воодушевуваат англискиот фудбал. Иако немаат длабочина во составот за борба на самиот врв, тимот уште еднаш покажа дека може да им парира и на најдобрите, па дури и на лидерот Арсенал, кој важи за еден од најдоминантните клубови во Европа оваа сезона.

Сандерленд прв дојде до предност во 36. минута, кога Даниел Балард со мајсторски завршен удар ја искористи асистенцијата на Норди Мукиеле. Со тој погодок заврши и неверојатната серија на Арсенал без примен гол — цели 812 минути или осум натпревари.

Во вториот дел, Арсенал притисна со целосна контрола на играта и израмни во 54. минута, благодарение на Букајо Сака, кој по додавање од Микел Мерино прецизно погоди во блискиот агол на голот на Робин Руфс. До 74. минута гостите го комплетираа пресвртот — Леандро Тросар со вистински „проектил“ од дистанца донесе водство од 1-2.

Но, одлуката на Микел Артета да се повлече и да го задржи резултатот се покажа како кобна. Во 94. минута, по една висока топка, Балард одлично ја спушти кон Брајан Броби, кој со брза реакција меѓу Габриел и Давид Раја ја затресе мрежата и постави конечни 2-2.

Со овој бод, Сандерленд останува во самиот врв и моментално е трет на табелата, додека ремито најмногу им одговара на Ливерпул и Манчестер Сити, кои утре во големото дерби ќе имаат прилика да ја намалат предноста на Арсенал на врвот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови