Connect with us

Сампдорија го сопре Интер (ВИДЕО)

Интер во третото коло од Серија А го забележа првото реми. Актуелниот шампион ремизираше (2-2) на гостувањето против Сампдорија во Џенова.

Тимот на Симоне Инзаги двапати имаше водство, но на крајот мораше да се задоволи со еден освоен бод. Димарко со фантастичен гол од слободен удар донесе водство за Интер во 18.минута, но Јошида израмни во 33.минута. Лаутаро Мартинез сепак обезбеди предност за гостите пред одморот, со погодокот во 44.минута.

Само што почна второто полувреме, Томасо Аугело погоди за 2-2 во 47.минута, а Интер немаше сили и за трет погодок до крајот на мечот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови