Connect with us

Само Милито и Роналдо имале подобар старт во Серија А од Квича Кварацкелија

Квича Кварацкелија оваа сезона стана вистинско откритие за Наполи. Грузискиот фудбалер продолжи со одличните настапи и на натпреварот од Серија А против Сасуоло (4-0). По само 45 минути игра, двапати успеа да му асистира на Виктор Осимен, а потоа и самиот постигна гол во 36. минута и со тоа во голема мера придонесе за победата на Наполи од 4-0.


Тоа сега значи дека во првите 12 натпревари во Серија А, Кварацкелија беше активно вклучен во 11 гола на својот тим, постигнувајќи шест, со пет асистенции.


Колку е одличен Грузиецот сезонава, покажува податокот дека подобар старт од него во најсилната италијанска лига по исто толку одиграни кола имаа само Диего Милито и Кристијано Роналдо.


Во својата прва сезона во Серија А (2004/05) во дресот на Џенова, Милито учествуваше во 15 гола на својот тим по 12 одиграни натпревари, додека Кристијано Роналдо му помогна на тимот да постигне 13 гола по пристигнувањето во Јувентус во 2018 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови