Македонскиот прволигаш Македонија Ѓорче Петров го ангажираше напаѓачот Самир Фазли. Тој се враќа во Ѓорче Петров каде и ја почна кариерата, а потоа замина во Холандија.
29-годишниот напаѓач доаѓа во Македонија ЃП како слободен агент откако замина од Шкендија. Фазли е најново засилување за „лавовите“ по Изет Ајрулаху, Чарлестон и Робсон да Силва. Овој квартет треба да им помогне на ѓорчепетровци да се задржат на високите позиции на табелата и да конкурираат за пласман на европска сцена.
Фазли покрај за Шкендија во кариерата играше и за Херенвен, Хелмонд, Вил, Рудеж.
												
																					
				Advertisement
				
			
		- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
				Advertisement
				
			
					
				Advertisement
				
			
		
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












