
Поранешниот германски репрезентативец Сами Кедира одлучи на 34-годишна возраст да стави крај на активната кариера. Иако го напушти Јувентус пред само три месеци и пристигна како слободен агент во Херта, на крајот од сезоната во Бундес-лигата искусниот играч за врска реши да се повлече.
Кедира блесна во Штутгарт, каде играше до 2010 година, а по одличните игри на Светското првенство доби покана од Реал Мадрид.
Тој беше важна алка во тимот на Жозе Мурињо до 2013 година, а две години подоцна замина во Јувентус. Во Торино ги освои сите можни трофеи освен Лигата на шампионите, во финалето загуби од Реал во 2017 година.
Кедира одигра 77 натпревари за германската репрезентација, постигна седум погодоци и стана светски шампион во 2014 година во Бразил.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal