Српскиот интернационалец Лазар Самарџиќ е отворен за трансфер од Удинезе во Милан. Сега „росонерите“ треба да постигнат договор со „фриуланите“ за евентуален трансфер.
Се смета дека Самарџиќ ќе чини околу 20 милиони евра. Од „Сан Сиро“ прво ќе мораат да продадат некој од своите играчи, за да можат да го ангажираат Србинот.
Јасин Адли, Исмаел Бенасер и Томазо Побега се фудбалерите кои се излезна врата од Милан. Според медиумите во Италија, последниот може да биде вклучен во евентуален договор со Удинезе.
Во моментов Милан работи и на привлекувањето на играчот на Монако, Јусеф Фофана.
Минатото лето Лазар Самарџиќ беше блиску до трансфер во Интер, но договорот пропадна во последен момент.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













