Connect with us

Салах стигна до „стотка“ во Премиер – лигата, Ливерпул го победи Лидс (ВИДЕО)

Ливерпул ја оствари третата победа во Премиер – лигата и со десет бода им се придружи на врвот на Манчестер Јунајтед и на Челси. „Црвените“ славеа со убедливи 0-3 на гости против Лидс Јунајтед.

Мохамед Салах во 20.минута постигна гол за водство и влезе во друштвото „100“ во Премиер – лигата.

На почетокот на вториот дел Фабињо зголеми на 0-2 во 50.минута, а Лидс Јунајтед десет минути подоцна остана со играч помалку поради исклучувањето на Струијк и тоа беше кобно за домашниот тим. Струијк тешко го повреди Харви Елиот кој мораше да ја напушти играта.

Во судиското продолжение Садио Мане го постигна третиот гол за Ливерпул на овој меч.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови