Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, го запиша своето име во историјата со ново достигнување. Тој се запиша меѓу стрелците во триумфот над Спарта Прага (6:-1) во Лига Европа, со што стигна до својот 20. гол од почетокот на сезоната.
Така Салах постигна барем 20 голови во седмата последовна сезона со тимот на Ливерпул. Ова досега не го постигнал ниту еден играч пред него.
Салах има 15 гола во Премиер – лигата, четири во Лига Европа и еден во Карабао купот. Интересно е што тој го достигна овој број на постигнати голови и покрај тоа што неодамна заработи повреда и не беше стартер за Ливерпул од 1. јануари.
Всушност, најуспешната сезона на Салах со Ливерпул, по постигнати голови, беше првата во 2017/18 година. Тогаш постигна импресивни 44 гола во сите натпреварувања.
Инаку, откако е на „Енфилд“, Египќанецот на 336 натпревари постигна 206 гола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













