
Мохамед Салах, голгетерот на Ливерпул, изрази желба да освои уште еден трофеј со клубот пред неговото можно заминување од „Енфилд“. По победата од 4-1 против Ипсвич, Салах потенцираше дека сака да игра клучна улога во успехот на тимот, особено во Премиер – лигата.
„Моја мотивација оваа сезона е да освоиме барем уште еден трофеј, а јас да имам големо влијание во победите, посебно во англиската Премиер – лига“, изјави Салах.
Ливерпул моментно е лидер во Премиер – лигата со шест поени предност и еден натпревар помалку. Салах истакна дека тимот сè уште е составен од клучни играчи како Вирџил ван Дајк, Трент Александер-Арнолд, Алисон, Џо Гомез и Енди Робертсон, додавајќи дека заедно би требало да обезбедат уште еден трофеј пред евентуалното заминување на повеќето од нив.
„Освоивме речиси сè, но Премиер – лигата ја освоивме само еднаш. Се надевам дека можеме повторно да го направиме тоа, бидејќи би било прекрасно“, додаде Салах.
Инаку, покрај договорот на Салах, кој истекува ова лето, истото важи и за Вирџил ван Дајк и Трент Александер-Арнолд, што може да донесе значителни промени во составот на Ливерпул.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Виктор Треневски ќе биде тренер на црногорски третолигаш

Евро-фудбал
Милан подготвува нов договор за Мајк Мењан

Евро-фудбал
Постекоглу ќе го преземе саудискиот Ал-Ахли?

Евро-фудбал
Европскиот првак ПСЖ го суреди Атлетико

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Тотенхем ќе го откупи Матис Тел од Баерн Минхен

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го купи Тер Штеген
