
Мохамед Салах сè уште е многу далеку од потпишување нов договор со Ливерпул. Ова го изјави напаѓачот по убедливата победа над Вест Хем (0-5) во Премиер – лигата.
Египќанецот продолжи со својата одлична форма, постигнувајќи еден гол и две асистенции на натпреварот. Салах досега има 17 голови и 13 асистенции од почетокот на сезоната.
„Сè уште сме многу далеку од позитивни вести поврзани со мојот нов договор. Не сакам да кажувам работи во медиумите што би предизвикале шпекулации, но реалноста е дека нема никакви поместувања. Сега сум само фокусиран на тимските настапи и се надевам дека ќе ја освоиме Премиер – лигата“, изјави Салах за „Скај Спортс“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal