
Египетскиот интернационалец Мохамед Салах игра одличен фудбал оваа сезона, постигнува голови во Премиер – лигата и повторно го наметнува Ливерпул како фактор за освојување на титулата. Но, се повеќе се споменува и негово заминување од „Енфилд Роуд“, а тој вели дека клубот го цени играчот според вредноста на неговиот договор. Тоа значи дека Ливерпул ќе треба сериозно да се потруди за да го задржи својот најдобар фудбалер.
„Ако јас одлучувам, би сакал да останам во Ливерпул. Но, ќе треба да постигнеме договор со раководството на клубот. Некои работи навистина зависат од клубот. Финансиските услови покажуваат колку клубот те цени и дали прави се за да останете. Одлуката не се заснова само на финансиски прашања, тука се и амбициите на тимот, тренерите, играчите…Сето тоа е важно при донесувањето одлука за иднината“, изјави Салах.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
