
Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, за првпат зборуваше за својата иднина откако во јануари стана јасно дека менаџерот Јирген Клоп ќе си замине. Оттогаш се појавија многу шпекулации дека некои од ѕвездите на „црвените“ ќе го следат примерот на германскиот стратег и ќе го напуштат „Енфилд“.
Салах даде одговор на прашањето дали потегот на Клоп ќе влијае на неговата идна одлука.
„Не, не.. тоа е животот, сè се движи. Некои фудбалери веќе го напуштија клубот, си заминаа многу важни играчи. Менаџерот е исто така многу важен за клубот, тој исто така си заминува. Еден ден и јас ќе си заминам, но не сега“, прокоментира Салах.
Ливерпул денеска ќе се соочи со Манчестер Сити во можеби клучната пресметка за титулата во Англија. Напаѓачот се очекува да го започне судирот на „Енфилд“ како стартер по опоравувањето од повредата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
