Арсенал двапати имаше водство, но Мохамед Салах не дозволи Ливерпул да загуби во дербито на „Емирати“. Египќанецот погоди за конечни 2-2 и поделба на бодовите, по што „црвените“ се на втората позиција со бод помалку од лидерот Манчестер Сити, додека Арсенал е на третото место со 18 бода.
Букајо Сака во деветтата минута донесе предност за Арсенал, но взоврати Вирџил ван Дајк само девет минути подоцна.
Пред крајот на првото полувреме, Микел Мерино повторно обезбеди водство за „топчиите“, кои како да се задоволија во вториот дел, му дозволија на Ливерпул да биде многу поопасен, а тоа знаеше да го искористи Салах во 81.минута.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













