
Мохамед Салах сака да остане во Ливерпул, но по сопствени услови. Откако Ван Дајк, Хендерсон, Трент Александeр-Арнолд потпишаа нови договори, директорот во заминување Мајкл Едвардс сака да го врзе Салах со нов договор.
На Египќанецот не му пречи, има 29 години, и како што вели Клоп, тој е на врвот на кариерата и го чекаат најдобрите денови. Но, барањето на Салах е нереално.
Медиумите на Островот пишуваат дека одличниот фудбалер бара половина милион фунти неделно, односно близу 28 милиони евра годишно. Тоа би бил најголемиот договор во историјата на Ливерпул, и во историјата на Премиер лигата.
Покрај тоа, Салах на таков начин би го наруши односот на платите во клубот, најплатениот Вирџил Ван Дајк според новиот договор заработува 220.000 фунти неделно, што би значело дека Салах би има речиси два и пол пати поголема плата од првата до него.
Салах сега заработува 220.000 фунти неделно, исто колку и Ван Дајк, па јасно е колкаво зголемување бара. Тој, на пример, би имал тројно поголема плата во однос на Садио Мане.
Египетскиот напаѓач е обврзан со договор до 2023 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У18 ремизираше (2-2) против Унгарија

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
