Легендарниот Мохамед Салах (32) потврди во интервју за „Скај Спортс“ дека ова ќе биде неговата последна сезона во Ливерпул.
Секоја љубов има свој крај, а така и оваа меѓу Мохамед Салах и Ливерпул. Египетскиот напаѓач објави дека на крајот од сезоната ќе го напушти клубот.
Во разговорот, Салах изјави дека преговорите за продолжување на договорот се прекинати и верува дека приказната е завршена. Сепак, неговата најголема желба е да замине како шампион на Англија.
„Навистина сакам да ја освоиме Премиер – лигата оваа сезона бидејќи ова е мојата последна сезона во клубот. Сакам да му подариме нешто посебно на овој град“, изјави Салах.
“It’s my last year in the club” 🗣️
— Sky Sports News (@SkySportsNews) January 3, 2025
Mohamed Salah gives an EXCLUSIVE update on his future at Liverpool with his contract up in the summer 🚨pic.twitter.com/R2CcSUyKSL
На прашањето за преговорите околу нов договор, тој додаде:
„Засега тоа е така. Многу сме далеку од некаков напредок во преговорите, а ми остануваат уште шест месеци од договорот.“
Мохамед Салах е дел од Ливерпул од 2017 година и во тој период стана една од најголемите легенди на клубот. Тој е заслужен за враќањето на титулата на „Енфилд“ по 30 години чекање.
Доколку не дојде до значајна промена, Салах ќе го напушти клубот на крајот од сезоната. Без него, Ливерпул сигурно ќе биде сосема поинаков тим.
Оваа сезона, 32-годишниот напаѓач е во извонредна форма. На 26 одиграни натпревари постигна 20 голови и оствари 17 асистенции.
Во својата кариера во дресот на Ливерпул има одиграно вкупно 375 натпревари со неверојатна статистика од 231 гол и 105 асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal