Connect with us

Салах го достигна ефектот на Тиери Анри во Премиер – лигата

Мохамед Салах го достигна легендарниот Тиери Анри по бројот на постигнати голови во англиската Премиер – лига. На натпреварот против Манчестер Јунајтед, кој заврши со резултат 2-2, Салах постигна гол од пенал, кој влезе во историјата.

Со овој погодок, Египќанецот сега има 175 голови во Премиер – лигата, исто како и Тиери Анри. Разликата е што Анри стигнал до оваа бројка за 24 натпревари помалку, играјќи 258 мечеви, додека Салах досега одигра 282 мечеви во англиската елита.

Салах, кој е во одлична форма, оваа сезона има постигнато 18 голови на само 19 натпревари. Со само два гола му недостигаат да го надмине Френк Лампард (177) и да се доближи до Серхио Агуеро (184) на петтото место на листата на најдобри стрелци во историјата на лигата.

Топ 10 стрелци во историјата на Премиер – лигата


Алан Ширер – 260 голови (441 натпревар)

Хари Кејн – 213 голови (320 натпревари)

Вејн Руни – 208 голови (491 натпревар)

Енди Кол – 187 голови (414 натпревари)

Серхио Агуеро – 184 голови (275 натпревари)

Френк Лампард – 177 голови (609 натпревари)

Тиери Анри – 175 голови (258 натпревари)

Мохамед Салах – 175 голови (282 натпревари)

Роби Фаулер – 163 голови (379 натпревари)

Џермeјн Дефо – 162 голови (496 натпревари)

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови