Мохамед Салах е подготвен да потпише нов договор со Ливерпул, дури и ако е само за една година. Досега се тврдеше дека еден од главните проблеми во преговорите меѓу двете страни е тоа што Египќанецот сака долгорочен договор, при што некои извори дури споменуваа рок од три години.
Сепак, „Атлетик“ сега тврди дека 32-годишниот напаѓач е подготвен да потпише договор само на 12 месеци. Истиот извор дополнува дека расте разочарувањето кај Египќанецот поради однесувањето на клубот во оваа ситуација.
Од „Енфилд“ тврдат дека преговорите продолжуваат и напредуваат позитивно. Меѓутоа, самиот Салах, како и навивачите, очекуваат конкретни вести по ова прашање.
Голгетерот на Мерсисајд веќе двапати во последните недели изјави дека во моментната ситуација изгледа дека неговата иднина е надвор од клубот.
Во исто време, во Франција се појавија информации дека Пари Сен Жермен веќе започнал преговори со Салах за негов можен ангажман како слободен играч. Интерес за него има и од Саудиска Арабија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се враќа на кормилото на Ајакс?
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













