Египетскиот интернационалец Мохамед Салах не е среќен во Ливерпул и најверојатно ќе го напушти „Енфилд Роуд“ на крајот од сезоната. Тој би можел да се пресели во Реал Мадрид, а тоа го потврдува и изјавата на неговиот сонародник Мохамед Абутрика.
„Му се јавив на Салах да видам како се чувствува и тој е навистина вознемирен. Не е веќе среќен во Ливерпул. Една од значајните работи која го повредила е фактот дека не бил капитен на мечот против Митјиланд. Очекувал тој да ја носи капитенската лента. Тогаш сфатил дека и не е така важен член во тимот на Јирген Клоп. Мислам дека и Ливерпул размислува за продажба на Салах од екононски причини. Јас нема да влијаам на неговата одлука околу клубот, но тој е мој пријател и брат и јас секогаш ќе го поддржам“, изјави Мохамед Абутрика.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













