
Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, е избран за „Фудбалер на годината“ од здружението на спортски новинари во Англија – по третпат во својата кариера. Кај жените, наградата ја доби Алесија Русо од Арсенал, објави „Ројтерс“.
Наградите ќе им бидат доделени на свечена церемонија во Лондон на 22 мај.
Салах стана само вториот фудбалер во историјата кој ја освојува оваа награда трипати, по легендата на Арсенал, Тиери Анри. Египетскиот интернационалец оваа сезона е лидер на листата на стрелци со 28 голови, и силно придонесе за Ливерпул да стигне до својата втора титула откако тој се приклучи на клубот во 2017 година.
„Тој освои 90% од гласовите од страна на 900 членови – што е најголема разлика во историјата на оваа анкета“, соопшти организацијата.
Зад Салах, на второто место се најде неговиот соиграч Вирџил ван Дајк, а потоа следат Александар Исак од Њукасл и Деклан Рајс од Арсенал.
Кај дамите, Алесија Русо ја доби наградата благодарение на своите осум голови во Лигата на шампионите, со што му помогна на Арсенал да стигне до финалето. Таа ја победи конкурентката од Манчестер сити, Кадиша Шо.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Матиќ: Вардар секогаш игра на победа

Прва лига
Пелистер го доведе Марјан Ристовски

Евро-фудбал
Челси не се откажува од трансферот на Гарначо

Интернационалци
Агон Елези утре потпишува за Сараево

Прва лига
Тиквеш го врати Иван Ивановски

Евро-фудбал
Карерас е новиот „крал“ во Мадрид
