Садио Мане ќе го пропушти учеството на Сенегал на Мундијалот, иако самиот тој е еден од најзаслужните за пласманот на африканската репрезентација во Катар. Но, таков е фудбалот, понекогаш знае да биде многу суров.
Фудбалерот на Баерн Минхен синоќа имаше операција за санирање на повредата. Баварците најавија дека се поминало во најдобар ред и дека Мане се чувствува добро. Сепак, го чека подолга пауза.
Поранешниот играч на Ливерпул нема да се врати на теренот најмалку три месеци, што значи дека неговиот настап против францускиот ПСЖ во осминафиналето од Лигата на шампионите е под сериозен прашалник.
Гигантот од Минхен на 14 февруари следната година патува за Париз, кога ќе го одигра првиот дуел со шампионот на Франција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













