Германскиот и европски првак Баерн Минхен нема да дозволи Дајот Упамекано да замине од Бундес-лигата иако за него се заинтересирани и други европски гиганти. Баварскиот клуб потврдува дека по завршувањето на сезоната ќе се обиде да го купи одличниот дефанзивец на Лајпциг. Неговата вредност изнесува околу 45 милиони евра.
„Го следиме многу внимателно и можам да кажам дека Баерн Минхен ќе биде активен во летниот преоден рок. Јасно е дека Баерн сака да го има најдоброто од Бундес – лигата во своите редови“, изјави Карл – Хајнц Румениге.
Покрај Баерн Минхен, за Дајот Упамекано се заинтересирани Манчестер Јунајтед, Челси, Манчестер Сити, Тотенхем, Јувентус, Интер, Барселона, Пари Сен Жермен, Реал Мадрид…
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













