Братот на легендадниот функционер на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге, Михаел Румениге, летово ја критикуваше селекцијата на клубот. Баварците доведоа играчи како Садио Мане и Матијс де Лихт, но тој не е импресиониран бидејќи смета дека тие не се светска класа.
„Зошто Хасан Салихамиџиќ и другите добиваат толку многу пофалби во последно време за нивните летни трансфери? Искрено, не можам да се придружам на аплаузот. Со сета почит кон Садио Мане и Матијс де Лихт, мислам дека ниту еден од нив не е фудбалер од светска класа. Се разбира, Мане ќе се претстави силно во Бундес – лигата и веројатно ќе постигне многу голови. Но, тој веќе има 30 години и мислам дека не е во врвот на својата кариера“, изјави Михаел Румениге за „Sportbuzzer“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













