Connect with us

Руи Кошта откри детали од договорот на Бенфика со Мурињо

Претседателот на Бенфика, Руи Кошта, не го крие своето задоволство од работата што ја извршува Жозе Мурињо како тренер на тимот. Поранешниот португалски репрезентативец истакна дека клаузулата во договорот на 62-годишниот стратег, која им овозможува на двете страни да ја прекинат соработката на крајот од сезоната, „нема никаква врска со националните селекции“, туку е поврзана со „изборниот период“ во клубот.

„Му благодарам на Жозе Мурињо што го разбира моментот во кој се наоѓавме како клуб и што сфати дека може да има друг кандидат кој ќе победи на изборите. Оваа ситуација важи и за Мурињо – ако тој сам одлучи да си замине на крајот од сезоната, ќе мора да ја плати истата сума на Бенфика. Сите договори што сум ги склучувал со тренери во Бенфика биле на две години“, изјави Руи Кошта.

Тој нагласи дека секојдневно разговара со тренерот за составот, но ја отфрли можноста за агресивен настап на трансфер-пазарот во јануари. Поранешниот плејмејкер објасни дека ниту еден играч не е на продажба и со пофалби се изрази за еден од најкритикуваните фудбалери на почетокот на сезоната, Ричард Риос.

„Ричард Риос штотуку пристигна од Јужна Америка. Знаеме дека овие играчи, кога доаѓаат од странство, имаат потреба од време за адаптација. Риос игра во согласност со својата цена (27 милиони евра), и тоа има своја тежина“, рече Руи Кошта.

„Не може да се очекува дека само затоа што чинел толку, треба да прави по 30 дриблинзи по натпревар и да постигнува 40 гола по сезона – тоа не е неговата улога. Тој е дефанзивен играч за врска, не е креативец. Многу добро знаеме зошто го донесовме, а уште поголемо изненадување беше што успеавме да доведеме играч од таков калибар“, додаде претседателот на португалскиот гигант.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови