Реал Мадрид договорил големо засилување за одбраната, а ќе пристигне на лето како слободен агент. Германскиот интернационалец Антонио Рудигер одлучил да ја продолжи кариерата на „Сантијаго Бернабеу“, тврдат шпанските медиуми.
Поранешниот фудбалер на Штутгарт и Рома ќе замине во Шпанија по четири години минати во Англија носејќи го дресот на Челси. За него ова ќе биде договор на кариерата, со оглед дека ќе заработува повеќе од 10 милиони евра, слично како и Алаба кој минатото лето пристигна од Баерн за плата од 11 милиони евра годишно.
Во моментов германскиот репрезентативец има нешто повеќе од 6 милиони евра во Челси, па јасно е дека ќе земе значително повеќе пари од Реал. Ќе потпише четиригодишен договор, а престојот на „Бернабеу“ ќе биде вистинска круна на неговата кариера.
Реал ќе му достави официјална понуда во јануари, кога ќе може слободно да преговара со други клубови, а Германецот ќе потпише преддоговор со мадридскиот гигант.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













