Connect with us

Руди Фелер: Европската Суперлига е злосторство против фудбалот

Германија нема свои претставници меѓу 12 клубови од Европа кои одлучија да формираат Европска Суперлига. Баерн Минхен и Борусија Дортмунд биле повикани, но одбиле да бидат дел од едно вакво ново европско натпреварување кое е сериозен удар за Лигата на шампионите на УЕФА.


Поранешниот германски ас Руди Фелер, кој е спортски директор на бундеслигашот Баер Леверкузен, вели дека Европската Суперлига е злосторство против фудбалот.

„Европска Суперлига? Тоа е злосторство против фудбалот. Фактот дека Баерн Минхен и Борусија Дормтунд не учествуваат во ова шоу е потврда дека имаат силна поддршка од цела Германија“, изјави Руди Фелер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови