Connect with us

Рубен Дијаш: Не брзајте со отпишувањето на Манчестер Сити од трката за титулата

Англискиот шампион Манчестер Сити заостанува пет бода зад лидерот Ливерпул, и одбраната на титулата во Премиер – лигата е под прашање, но централниот дефанзивец Рубен Дијаш ги советува критичарите да не брзаат да ги отпишат „граѓаните” од борбата за шампионскиот трофеј.


Сити го запиша својот четврти последовен пораз во сите натпреварувања, откако загуби со 1-2 против Брајтон во Премиер – лигата во саботата, што се случува првпат во кариерата на Пеп Гвардиола.

“Би рекол, повелете, сомневајте се во нас, добредојдени сте да го направите тоа“, изјави Дијаш за британските медиуми.

„Кога ја освоивме тројната круна, имавме тежок период во јануари. Тогаш исто така беше тешко, но работите се такви какви што се. Важно е како се опоравуваме од ваквите моменти. Тоа е причината зошто нашиот тим освоил толку многу, бидејќи во моменти на тешкотии се појавуваат хероите и ние остануваме заедно. Ние не бараме луѓе за осуда, туку ги вклучуваме сите во каузата и се бориме заедно. Тоа е она што треба да го направиме повторно“, изјави Рубен Дијаш.

По паузата за репрезентациите, Манчестер Сити го пречекува Тотенхем на 23 ноември.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови