Connect with us

Рубен Дијаш е најновиот проблем за Пеп Гвардиола

Рубен Диjаш е уште еден важен играч со повреда во Манчестер Сити. Португалецот се здобил со повреда за време на дербито со Манчестер Јунајтед и ќе отсуствува околу еден месец, откри менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола.


Сепак, Мануел Аканџи се враќа, а Џон Стоунс е целосно закрепнат.

„Дијаш ќе биде отсутен подолг период, три или четири недели. Има мускулен проблем. По 75 минути против Јунајтед почувствува нешто, но е толку силен што остана на теренот. Сега е повреден. Но, Мануел Аканџи веќе тренира со нас последните два дена, што е добро. Секако, важно е и што Џон Стоунс се врати, и тоа во најдобра форма. Кога си бил повреден, ти треба време за да ја вратиш формата. Тој е важен играч за нас веќе многу години“, изјави Пеп Гвардиола.

Во однос на поразот од Манчестер Јунајтед и претстојното тешко гостување кај Астон Вила, Гвардиола изјави:

„Против Јунајтед бевме блиску до победа и загубивме. Не бев задоволен. Кога ќе паднеш шест пати, треба да станеш седум пати. Јас сум добро, обичен човек сум. Мора да почнеме повторно. Порано или доцна ќе ги свртиме работите во наша корист. Не знам точно кога. Минатата сезона го загубивме гостувањето кај Астон Вила и тие беа подобриот тим. Но, минатото е минато. Сега моментот е различен и мора да се справиме со ситуацијата. Не сум изненаден што Астон Вила се справува добро во Лигата на шампионите. Тренерот помина низ многу работи и постигна неверојатен успех. Унаи беше во многу клубови каде што требаше да игра на два фронта се справуваше многу, многу добро.“

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови