Ливерпул вчера дозна дека нема да може да ја реализира својата главна менаџерска цел бидејќи Чаби Алонсо одлучил да остане во Баер Леверкузен барем уште една сезона, па медиумите на Островот денеска тврдат дека новиот фаворит за наследник на Јирген Клоп е тренерот на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим.
39-годишниот Португалец ги помина сите скрининг тестови во системот што го користат на „Енфилд“ и наскоро ќе биде поканет на официјално интервју.
Менаџерот на Брајтон, Роберто Де Зерби, кој до неодамна се сметаше за прва опција доколку Ливерпул не успее да го придобие Чаби, останува на радарот на Мајкл Едвардс и Ричард Хјуз, бидејќи тие имаат за цел да ја најдат најсоодветната замена за Клоп. Сепак, Италијанецот моментно заостанува зад Аморим на оваа листа.
Јирген Клоп ќе се обиде да се прости од Ливерпул со титула во Премиер-лигата, со оглед дека тимот е во трка со Арсенал и со Манчестер Сити за шампионскиот трофеј.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
„Волците“ не му можат ништо на Челси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Барса по 894 дена се врати на „Камп Ноу“ (ВИДЕО)













