Connect with us

Роналдо: Среќен сум што се вратив

Кристијано Роналдо истакна дека е среќен што се врати на „Олд Трафорд“ и во тимот на Манчестер Јунајтед. Тој вчера одигра едно полувреме на пријателскиот меч против Рајо Ваљекано, откако ја пропушти речиси целата претсезона на тимот. Тој бараше и се уште бара други опции за продолжување на кариерата, во клуб кој во новата сезона ќе настапува во Лигата на шампионите.


По настапот, Роналдо потоа се обрати на социјалните мрежи и напиша дека е „среќен што се вратил“.

„Тој не е на нивото на остатокот од тимот бидејќи пропушти многу недели. Му требаат натпревари и многу тренинзи“, изјави менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг.

Манчестер Јунајтед ја отвора сезоната во Премиер – лигата со гостување кај Брајтон на 7. август.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови